Втората едуконференција на наставници и информатичари 2016, во организација на здружението Пријатели на образованието се одржа од 1 до 3 април 2016 година и беше наменета за наставници и студенти – идни наставници, со цел да им помогне во развивањето и подобрувањето на организациските, комуникативните, методолошките и дидактичките вештини. На Едуконференцијата за наставници и информатичари 2016 се презентираа примери од наставата кои се потврдени како ефективни, корисни и интересни. На конференцијата учествуваа еминентни домашни и странски предавачи и представници на институции, лидери и креатори на образовни политики кои дискутираа на теми од интерес за професорскиот професионален развој. Учесниците на еду конференцијата уште еднаш имаа можност да ги следат предавањата на експертите од земјата и странство, кои се истакнати и афирмирани во педагошките и информатичките сфери.
Спонзори на Втората Едуконференција 2016
Подржувачи и партнери на Втората Едуконференција 2016