Натпревар4 за СТЕМ добри практики

Најдобри 30 СТЕМ постери (по азбучен редослед) промовирани во публикацијата на Четвртата#ЕдуКонференција2018  во Струга 31.03 – 1.04.2018 

Име и презиме

Област од

STEM образование

Име на активноста

1.

Зорица Адамчевска

Математика

Од говорна игра до графички приказ

2.

Гордана Анастасова

математика, природни науки, работа со компјутери

Еко производ

3.

Бојана Бачоска

Хемија

Изведбени активности

4.

Александра Блажевска

Хемија

Реактивност на алкалните метали со кислород и вода

5.

Маја Бунтеска

Биологија

Во потрага по силата

6.

Павлина Вељаноска

Физика

Синхронизирани метрономи – магија или физика?

7.

Никола Делевски

Физика

Вози безбедно со физика

8.

Ѓорѓина Димова

Информатика

Micro:bit проект – водење на паркинг

9.

Ирина Иванова

Информатика

Автоматско наводнување со микробит

10.

Ирина Иванова

Информатика

Кодирање со Микробит

11.

Силвана Jакимовска Бинова

Математика

Подршка за галилео – превртено учење со office mix интерактивна презентација

12.

Ленче Jаневска

Биологија

Креативно учење на растителна  клетка

13.

Габриела Јорданов

Природни науки

Цврсто, течно , гасовито – моделирање на струкурата на материите

14.

Соња Кузманова

Физика

Примена на Микро:бит уредот во наставата

15.

Јелена Мадниќ

Биологија

Разработување наставни содржини во SimpleMind

16.

Силвана Миладинова

Математика

Патување низ времето-Дали броевите секогаш биле напишани на исти  начин?

17.

Виолета миноска

Информатика

Од идеја до реализација – направи хеликоптер, формула или……(проектна задача)

18.

Орданка Мицкова

Природни науки

Магнети магнетизам

19.

Каролина Насковска

Биологија

Паметните телефони-паметно да ги користиме

20.

Билјана Николова

Информатика

Со микро:бит до спортски семафор

21.

Верче Петрова

Физика

Физика, micro:bit – програмирање = аларм – детектор

22.

Аида Петровска

Физика

Енергија на еден остров

23.

Даниела Пижевска

Природни науки

Пренесуваме убава вест да ја разбудиме еколошката свест

24.

Цветанка Ристеска

Техничко образование

Решаваме проблем: креираме играчка

25.

Фатиме Селими

Математика

Одредување формула за периметар и плоштина на круг

26.

Благородна Сотиров

Информатика

Еден, два, три – крени Plikers ти!!!

27.

Славица Стојчевска

Природни науки

Виртуелно патување во човечкиот организам

28.

Марина Танасоска

Инфомратика

Примена на Office Mix за креирање итерактивен дигитален ресурс

29.

Анета Топалова

Физика

Од дигитален доселеник до дигитален жител,  Омов закон

30.

Лилјана Фанкоска

Математика

Реши – прочитај – состави

 Со цел размена на искуства и идеи при реализација на наставата од STEM областите, објавуваме повик за изработка на постери за споделување на добри практики на STEM настава. Секој од вас добива можност да прикаже сопствен иновативен приод при реализација на одредена активност од STEM областите и на тој начин сите заедно да го збогатиме множеството на едукативни ресурси кои потоа може да се користат во наставата. Фокусот при изготвување на постерот треба да биде насочен кон развивање на вештини за критичко размислување, решавање проблеми и дигитална писменост.

Еден постер може да има само еден автор. Со конкурирањето авторот се сложува неговото дело да биде искористено и/или модифицирано од други наставници.

Рок за доставување на постерот: 10 март 2018 година

Објавување на списокот на 30 најдобри постери: 20 март 2018 година

Презентација на финалните постери: 31.03.2018 и 01.04.2018 (за време на Четвртата Eдуконференција)

Се конкурира со постер и документ за пријава. Постерот треба да биде изработен врз основа на приложениот образец (образец), а  документот за пријава (пријава) не треба да излегува од приложената рамка, односно, не треба да надминува една страна.

Постерот треба да биде поднесен во електронска форма (jpg формат) на е-пошта scientix@friends-of-education.org, со назнака „Конкурс за постер“.

Постерите ќе бидат евалуирани од страна на жири составено од Универзитетски професори и советници од БРО, кои ќе изберат 30 најуспешни постери. Постерите ќе бидат евалуирани според следните критериуми со еднаква важност:

  • Оригиналност

  • Применливост

  • Потенцијал за привлекување на внимание

  • Опис на методолошки пристап

  • Вкупен впечаток.

Постерите ќе бидат презентирани и од истите ќе биде направена публикација ( формат B5: 176 x 250 mm) која ќе ја добие секој учесник на Четвртата Едуконференција.

Постерите кои ќе се презентираат на Четвртата Едуконференција треба да се донесат отпечатени во формат B2 (500 x 707 mm).  Најуспешниот постер ќе биде избран со помош на гласење помоѓу 30-те постери.