Визија/Мисија

Edu_Conference_1 (454)Здружението ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО  е здружение на наставници, професори и ИКТ експерти  чија основна цел е обезбедување на квалитетна и креативна наставна пракса. Здружението е отворено за соработка за сите поединци, просветно-образовни, научни и други организации со слични приоритетни дејности како и здруженија, фондации и организации кои активно работат на афирмација и подобрување на процесот на поучување и учење.

Во фокусот е користењето на дигитални медиуми во секојдневната наставна пракса и дигитализација на културното наследство. Сепак експертизата на здружението како и опсегот на делување е многу поширок заради богатото искуство, различните профили и експертиза  на неговите членови.

Остварувањето на богатите содржини во програмските активности и дејствувањето на Здружението ќе се спроведува преку организирање на разни собири и едукативни семинари во и надвор од државата, посети на настани, конференции, работилници и семинари од областа на основното и средното образование. На овие настани, меѓу другото,  ќе се презентира и популаризира користењето и создавањето на дигитални медиуми во областа на образованието и заштитата на културното наследство.

ВИЗИЈА

Осовременување на воспитанието и образованието со примена на дигитални образовни ресурси и поврзување со меѓународни организации со сродни активности.

МИСИЈА

Оснoвање на центар за педагошки дизајн и креирање на дигитални образовни ресурси како и подготoвка и реализација на програми за обуки на наставници со цел за нивно оспособување за интегрирање на дигиталните образовни ресурси во воспитно образовниот процес и соработка со меѓународни организации со сродни активности.