В Е Д С К А М А Т Е М А Т И К А И Р О Б О Т И К А

Во рамките на математичката секција во месец декември се одржаа 7 работилници на тема Ведска математика и роботика. Иако работилниците првично беа планирани да се одржуваат после часови со заинтересирани ученици од повеќе паралелки, истите се одржуваа со секоја паралелка од 6-то до 9-тоодделение посебно на редовните часови по математика планирани во програмата за консолидација или после часовите на одредена паралелка. Тоа беше така поради рестриктивните мерки за заштита од вирусот Ковид-19, но исто така поради големиот број на заинтересирани ученици за работилниците.

                    ООУ Живко Брајковски како Амбасадор училиште на Роби проектот доби 2 Минд-роботи кои ги искористивме во Работилниците „Ведска математика и роботика“. На различни работилници на учениците им беа претставувани по едно правило од Ведската математика, а потоа учениците ги вежбаа правилата на претходно подготвени мапи од страна на наставникот. Мапите се всушност полиња со поставени задачи во една колона и решение во друга колона. Учениците имаа за задача ментално да ги пресметаат производите од поставените задачи и да го програмираат роботот да појде до полето со дадено решение. Работилниците беа насловени:

  1. Множење со 11
  2. Множење со 12
  3. Множење на броеви блиски до декадна единица (поголеми од 100)
  4. Множење на броеви блиски до декадна единица (помали од 100)
  5. Квадрирање на броеви со цифра на единици 5
  6. Множење на двоцифрени броеви од иста десетка

Активностите од работилниците се документирани во видео запис (https://www.youtube.com/watch?v=TIy7VVXgRvo). За учениците кои се дел од ова видео е обезбедена согласност од родителите/старателите.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *