Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржa Работилница за професионален развој, под работен наслов Интеграција на ИКТ иновативни техники од еТвининг проекти во курикулум, од 20 до 22 ноември 2015 година, во Охрид. Организатор беше еТвининг Националниот сервис за поддршка на Република Македонија, во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, и еТвининг Националниот сервис за поддршка на Република Турција.
На настанот учествуваа наставници од основните училишта, меѓу кои и Маја Виденовиќ, член на Пријатели на образованието. Агендата од настанот може да се првземе на овој линк, а повеќе информации за акцијата еТвининг можете да најдете на www.na.org.mk , www.etwinning.mk и www.etwinning.net