Поаѓајќи од фактот дека фокусот на активностите на проектот ,,RObotics versus BullYing,, покрај имплементација на STEM едукација, поставен е на подобрување на комуникацијата, развивање емпатија, меѓусебно помагање и инклузија во училишната образовна практика, зголемување на соработката меѓу децата и младите, во текот на месец мај во ООУ ,,Григор Прличев,, Охрид беа спроведени 5 едукативни работилници со ученици од петте паралелки од четврто одделние и ученици од шесто одделение членови на Клубот за кодирање – секција по предметот информатика. На работилниците, учениците од шесто одделение, користејќи го едукативниот робот Mind низ игра, им покажаа на помалите соуучесници како да именуваат 2Д-форми, да наведуваат сличностите и разликите меѓу нив, да разложуваат 2Д-форми во други 2Д-форми и од постојните 2Д-форми да составуваат нови.