За проектот МултиЗборко

prv-ekran-so-znaminja-landscape-mkПроектот ,,МултиЗборко,, е реализиран со подршка на Фондацијата Отворено Општество – Македонија, а грантист и имплементатор  на проектните активности е „Здружението за развивање и дигитализација на образованието и културното наследство ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО” – Скопје.

Содржината на дигиталниот образовен ресурс МултиЗборко е единствена одговорност на авторите и грантистот и на ниеден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

glavno-meni-landscapeФокусот на проектните активности е насочен кон истакнување на позитивните импликации од користење  дигитални образовни ресурси на мајчин јазик во секојдневната наставна практика во однос на поттикнувањето на креативноста и активното учество на учениците во наставниот процес.

Дигиталниот образовен ресурс “МултиЗборко”  претставува еден вид илустриран, интерактивен речник, во кој што поимите се претставени со соодветна илустрација, текстуално и звучно на шест јазици: македонски, англиски, германски, албански, турски и ромски,  така што освен стекнување знаења за одредени поими на мајчин јазик, децата истовремено ќе може да ги учат поимите и на друг јазик, со динамика која е прилагодлива на   нивните лични афинитети и потреби.

Демо видео од Дигиталниот образовен ресурс МултиЗборко е достапен на следниот линк.

Анкетен прашалник за наставници е достапен на следниот линк.

Реализацијата на проектот ,,МултиЗборко,, прикажува еден нов пристап во продукцијата на дигитални образовни ресурси, преку имплементација на економичен партиципативен модел за продукцијата на дигитални ресурси на мајчин јазик во кој наставниците и учениците ќе имаат активна улога не само како имплементатори туку и како креатори на дигитални ресурси. 

detska-soba-recnikЦелта на овој проект е да представи еден партиципативен, економичен, колаборативен модел за развивање дигитален образовен ресурс на мајчин јазик, прилагоден на наставните програми во основното образование. За остварување на таа цел продуцирана е демо верзија на аудио визуелна повеќејазична едукативна апликација наменета за деца на возраст од 4 до 10 години и деца со посебни потреби, со која што на итерактивен начин ќе  може да се стекнат со нови знаења (усвојување поими – именки, глаголи, фрази) и да се поттикнат на  мултиетничка интеграција од најрана возраст.

 

Реализацијата на проектните активности се одвиваше во неколку фази кои што опфаќаа:

  1. Анализа  на состојби  и иницијативи за продукција на дигитални образовни ресурсиво образовната практика на РМ.
  2. Креативно, содржинско и методолошко осмислување на мобилна  апликација-дигитален образовен ресурс прилагоден на наставните планови и програми за основно образование
  3. Формирање тим од наставници ментори, талентирани ученици и студентиод различна мултиетничка припадност кои учествуваа во продукцијата на  дигиталениот
  4. Спроведување истражување – студија на случај во која беа опфатени над 60наставници од три основни училишта ОУ ,,Григор Прличев,, – Охрид, ООУ ,,Св. Кирил и Методиј,,- Прилеп и ООУ ,,Живко Брајковски,, Скопје во кои наставата се одвива на македонски, албански и турски, а се учат и англиски и германски јазик како втор задолжителен јазик во наставата. Истражувањето се реализира со анкетирање на избран примерок од  наставници и ученици со претходно подготвен инструмент – анкетен прашалник со се мерат ставовите и се анализираат добиените информации од прашалникот за наставници во однос на импликациите од примената на апликацијата МултиЗборко, како и нивните досегашни искуства од примената на други образовни апликации во наставата.
  5. Промоција на дигиталниот образовен ресурс во основните училишта и пошироката заедница
  • организирани се поединечни промоции за наставници од основни училишта во Охрид, Скопје, Прилеп, Битола: ООУ ,,Григор Прличев,, – Охрид, ООУ ,,Св. Климент Охридски,, – Охрид,ООУ,,Св. Наум Охридски,, – Охрид,ООУ,,Братство Единство ,, – Охрид,ООУ,,Кочо Рацин ,, – Охрид,ООУ ,,Св. Кирил и Методиј,, Прилеп, ООУ ,,Живко Брајковски,, Скопје, ,,Св. Климент Охридски,, – Битола(Повеќе на линкот https://www.facebook.com/friendofeducation/).
  • Промоција дигиталниот ресурс на IV Меѓународна ЕдуКонференција за наставници и информатичари во периодот од 01-03 април 2018 година во Струга на која учествуу над 250 наставници од основните и средните училишта во РМ, еминентни домашни предавачи од Универзитетите во РМ како и странски предавачи и гости. (Повеќе на линкот http://www.friends-of-education.org/mk/)

Презентацијата од проектните активности за проектот ,,МултиЗборко,, е достапна на слениот линк

Постерот со додатените елементи на македонски, албански, турски, англиски и германски јазик за печатење може да ги превземете од следниот линк

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *