Во рамките на проектот ,,RObotics versus BullYing”, на 08.05.2021 учениците од III 1 одделение во ООУ ,,Григор Прличев ,, Охрид со одделенската наставничка Биљана Иваноска, реализираа интегрирана настава (интегриран ден) по предметите: македонски јазик, математика, работа со компјутери и основи на програмирање и општество. Фокусот на наставните активности беше насочен кон подобрување на квалитетот на наставата и активно учество на учениците во наставниот процес.
На таков начин, учениците освен што ги усвојуваат новите знаења преку активно учество и критичко размислување, се насочуваат и кон усвојување вештини за подобрување на меѓусебната комуникација, развивање емпатија, меѓусебно помагање, инклузија и зголемување на меѓусебната соработка. Проектните активности на проектот ,,RObotics versus BullYing,, се насочен кон имплементација на STEM едукација – роботика, која им овозможува на учениците на возраст од 6 до 12 години да ги направат своите први чекори во науката, технологијата и инженерството на забавен начин и преку социјална инклузија, со што ќе се зголемат нивните дигитални вештини, но пред се вештините за решавање проблеми, критичко размислување, експериментирање и тимска работа кои се клучни во животот на детето. Проектот ,,RObotics versus BullYing,” e дел од Erazmus+ KA2 програмата на Европска Унија, а во нашето училиште се реализира во соработка со „Здружение за развивање и дигитализација на образованието и културното наследство ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО” .