Инфо 5

Поттикнати од нашите минатогодишни заеднички искуства и поддршката од едукативната и ИКТ заедница, на наша особена чест и задоволство, на 10.05.2019 и 11.05.2019 година  во хотел Континентал во Скопје, се одржа Петтата#ЕдуКонференција2019 како дел од проектот Pro Social Values (Просоцијално учење или учење со емпатија) поддржан и  финансиран од Erazmus+ KA2 програмата на Европска Унија. 

На конференцијата учествуваа претставници на институци и еминентни домашни и странски предавачи представници на партнер-организациите во проектот Pro Social Values од Италија, Турција, Литванија, Шпанија, Бугарија и Македонија:

  • Polo Europeo Della Conoscenza (Италија)
  • Uşak İl Milli Eğitim Müdürlüğü (Турција)
  • Panevezio Rajono Svietimo Centras (Литванија)
  • Consejeria De Education (Шпанија)
  • Trakia University (Бугарија)
  • Friends of Education (Македонија)

Фокусот на Петтата#ЕдуКонференција2019 беше поставен на промовирање и подобрување на комуникацијата, развивање  емпатија, меѓусебно помагање и инклузија во училишната образовна практика, зголемување на соработката меѓу децата и младите, како и меѓу родителите, наставниците и пошироката заедница и локална средина.

Учесниците уште еднаш имаа можност  да следат предавања на експерти од земјата и странство, на теми од интерес за воспитно образовната дејност и професионалниот развој на наставниот кадар, чија крајна цел е насочена кон намалување на насилството помеѓу врсниците и интеграција на различни групи во општественото живеење засновано на позитивни општествени норми и вредности.