Со цел промоција на СТЕМ образованието во Република Македонија беше објавен повик за изработка на постери за споделување на добри практики на STEM настава и можност да се прикаже сопствен иновативен приод при реализација на одредена активност од STEM областите. За време на Третата едуконференцијата беше организирана изложба на која се изврши избор на најдобрите постер презентации и идејни решенија од страна на стручното жири и публиката и беа доделени следните награди:
- Прва награда од стручно жири- ,,Не биди лута птица научи физика,, од Никола Делевски СОУ “Никола Карев” Струмица.
- Прва награда од публика – ,,Реакција на карбонати со киселини,, од Александра Блажевска ООУ „Јан Амос Коменски“.
- Втора награда од публика – ,,Трансформирајте ја училницата со виртуелна реалност од Славица Стојчевска ООУ „11 Октомври“ Куманово.
- Трета награда од публика – ,, Експериментирање во наставата по физика од Верче Петрова ОУ„Живко Брајковски“.
30-те најуспешни постери беа презентирани на Третата#ЕдуКонференција2017 и отпечатени во каталог кој може да се преземе на следниот линк.