Учењето преку игра е еден од најважните начини на кои малите деца стекнуваат суштински знаења и вештини. Тие играат за да го разберат светот околу нив. Подеднакво важно е што тие ги развиваат вештините неопходни за учење како што се способноста за решавање проблеми, анализа, проценка, примена на знаењето и креативност.
На хакатонот “Креирај игри за најмладите” кој е наменет за креирање игри за деца од 3 до 10 години, “Пријатели на образованието” учествува во тим со едукативна игра за учење сообраќај.
Овој хакатон е во склоп на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ #Inno4Edu кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и УНИЦЕФ, а го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.
Прочитајте повеќе за #Inno4Edu Хакатон: Креирај игри за најмладите тука: http://ow.ly/Ze5M30pa5Sw
SmartUp – Social Innovation Lab