На основа на Стручното упатство за реализација на ученички натпреври Меѓународниот филмски фестивал КРЕФ 2017 и оваа година се најде во каталогот на натпреври акредитирани од страна на Министерство за Образование Наука и Технолошки развој на Србија. Со поднесување на пријавата за учество учесниците се стекнуваат со акредитиран, меѓународен сертификат доколку испратениот филм ги задоволува поставените критериуми. Изборот на најдобрите филмови кои ќе ја претставуваат нашата земја на Меѓународниот филмски фестивал КРЕФ и оваа година ќе биде изведен по пат на гласање на стручно жири и објавен во текот на месец Јуни заедно со финалистите од регионот.
Манифестацијата на доделување на признанија и награди на сите учесници, финалисти и победници ќе се реализира на дводневна, супер КРЕФ конференција во Лесковац, Србија, септември 2017 година.
Kонечен рок за апликација на филмовите од трите категории на Филмскиот натпревар КРЕФ е 25 МАЈ 2017 година.
За учество на Меѓународниот филмски фестивал КРЕФ треба да се пријавите на една од трите категории:
1. КРЕФ едукативен предизвик 2017 – „Сосема различни за иста цел„
Да ги заборавиме за миг катедрата, масичките, таблата и класичните столчиња. Математика, физика, граматика……на под/ходник/училишен двор.Токму така. Секоја училница може да биде креативно, скришно катче омилено на сите деца. Изберете го својот омилен наставен предмет и наставна содржина или интеграција, снимете го својот едукативен филм кој ќе служи како испирација за сите нас или замолете некој да Ви помогне околу снимање и монтажа на еден ваков квалитетен пример од Вашата пракса како едукатор. Прочитајте повеќе околу нашите правила и совети за снимање на ваков филм на следниот линк http://kref2017.blogspot.mk/2017/01/2017.html
2. КРЕФ MINECRAFT акција 2017 – „И јас имам супер план за урбанистичко уредување на мојот град/село„
Вашите ученици ја сакаат оваа игра? Сакаат да градат свои креативни светови, необични градби, населби…? Сигурно и Вие, во вашиот град/село сте забележале заборавен простор кој во иднина посакувате да биде можеби необичен детски парк за родители и деца/отворена библиотека од соништата/ истражувачки центар или центар за спорт…било што по ваша замисла ….? Можеби имате идеја каде може да биде изградено современо училиште и како тоа треба да изгледа за да биде радост за сите деца… Погледнете околу во секој празен или заборавен простор од вашето секојдневие. Потоа изберете еден ваш приоритетен објект/локација за кој би сакале да изработите идејно решение во Minecraft и започнете со работа заедно со вашиот тим. Снимете го својот филм со кој ќе ни ја прикажете својата акција за подобар свет и обезбедете влез во финалето на Меѓународниот КРЕФ. Прочитајте повеќе околу правилата за снимање на ваков Minecraft филм на следниот линк: http:// kref2017.blogspot.mk/2017/01/minecraft-2017.html
3. КРЕФ ЛИПДУБ спот за промоција на училишна клима
Претставетете го Вашето училиште во целост преку еден забавен, разигран и распеан спот за промоција на Вашето училиште и весела училишна клима. Овозможете му на светот да доживее забавна, љубопитна прошетка низ Вашите училишни простории, заедно со најмалите и најголемите ученици, директорот, службениците и сиот помошен персонал. Темите и песната се Ваш слободен избор. Бидете си креативни, посебни и уникатни. Да видиме колку се убави и весели училиштата низ нашата земја. Прочитајте повеќе околу правилата за снимање на ваков промотивен спот на следниот линк: http://kref2017.blogspot.mk/2017/01/2017_5.html
За дополнителни прашања пишувајте на veselabogdanovik2@gmail.com или на Facebook https://www.facebook.com/vese.vesela.