Наставниците може да се регистрираат за 11 нови летни школи во Грција како дел од Inspiring Science Education Academy 2019., во периодот од 30 јуни до 12 јули 2019.
Школите покриваат различни теми како дигитални приказни, продлабочено учење, онлајн лаборатории, учење за вселената и вклучување на уметност во СТЕМ.
Секој курс е организиран согласно со проектите финансирани од Европската комисија, во областа на природните науки, како Next-Lab, Stories of Tomorrow, CASE, iMuSciCA, Open Schools for Open Societies, PLATON, spaceEU, School Networks Alert Citizens protection (SNAC), Open Math и CLILTech.
Секој кој сака да присуствува на некој од овие курсеви може да побара финансиска поддршка преку КА1 од Erasmus+ програмата на Европската Унија. Организаторите подготвиле very useful step-by-step guide, кој вклучува голем број видео туторијали, за да им помогнат на наставниците да ги подготват нивните апликации за финансиска поддршка од Erasmus+ преку официјалниот краен рок на 5.02.2019.