Едукаторите и администраторите сега можат да го изразат својот интерес да присуствуваат на нови петдневни курсеви за користење на мобилни технологии и Интернет на нештата во образованието. Курсевите се планираат за ноември 2018, март 2019 и јули 2019 година во Патрас, Грција. Курсевите опфаќаат користење на материјалите, резултатите и искуствата на проектот UMI-Sci-Ed, вклучувајќи ги и упатствата и релевантните образовни материјали, сценарија за обука, онлајн платформите за кооперативно учење и хардверските комплети.
Digital skills, vocational training, professional development and education in Science, Technology, Engineering and Mathematics (STEM) are promoted during this course, which focuses on sectors that will shape our lives over the decades to come. Participants in the course will develop their entrepreneurial skills, by learning about the impact of mobile technologies and the Internet of things. As a result, it is expected that the participants will not only learn how they can transform their organisations, but acquire knowledge and materials that they can bring back to their communities, regions and countries.
Во текот на овој курс се промовираат дигитални вештини, стручна обука, професионален развој и образование во СТЕМ области, кој се фокусира на сектори кои ќе ги обликуваат нашите животи во наредните децении. Учесниците во курсот ќе ги развијат своите претприемачки вештини, со учење за влијанието на мобилните технологии и Интернетот на нештата. Како резултат на тоа, се очекува учесниците не само да научат како можат да ги трансформираат своите организации, туку да стекнат знаења и материјали што можат да ги вратат во нивните заедници, региони и земји.
Прочитајте повеќе за курсот и искажете го вашиот интерес да го посетувате на веб-страницата на проектот UMI-Sci-Ed тука: http://umi-sci-ed.eu/offering-public-course-for-educators-and-administrators-promoting-stem-education-using-mobile-and-iot-technologies/