Наградата за интеркултурни достигнувања (The Intercultural Achievement Award (IAA) ќе се додели за десетти пат оваа година. Ова престижно признание го доделува работна група „Дијалог на културите“ во рамките на Aвстриското министерство за надворешни работи ( https://www.facebook.com/Aussenministerium ) , а независното жири ги избира победниците од повеќе од 350 пријавени проекти од целиот свет. Наградата се доделува на иновативни проекти од невладиниот сектор кои успешно ја поддржуваат и промовираат интеркултурната комуникација и соработка во различни области.
Се доделуваат награди во седум категории: одржливост, неодамнешни настани, иновации, технологија, медиуми, како и специјални награди за интеграција и најдобар австриски проект.
Имаме чест да најавиме дека проектот „Пластичен оркестар“ – Движење за ослободување на училиштата од пластика (SPEM: School Plastic free Movement) на НВО Пријатели на образованието и ООУ “Живко Брајковски” SHFK “Zhivko Brajkovski” беше избран како победник во категоријата одржливост. Доделувањето на наградата ќе се одржи на 10 октомври 2023 во Виена во присуство на Министерот за надворешни работи на Република Австрија Александар Шаленберг и Министерката за жени, семејство, интеграција и медиуми Сузане Наградата ќе ја примат претставници на здружението, наставничките Елена Апостолоска и Хава Сарачини. Пресек од активностите на проектот може да погледните на следниото видео: