Натпревар за СТЕМ добри практики

Голем број на истражувања покажуваат дека професиите од различните области од STEM се најдобро рангирани професии во светот. Од друга страна во Република Македонија постои дефицит од образовен кадар во STEM областа, што неминовно ја наметнува потребата од негова популаризација. Исто така, според разни релевантни истражувања (пр. PISA), образовните резултати кои Македонија ги покажува во STEM се наоѓаат на дното на табелата споредено со останатите европски држави.  

Последните неколку години се прават голем број иновации на полето на STEM образованието, како измени во наставните програми, користење на различни методолошки приоди, иновативно користење на ИКТ во наставата и слично. Сите овие активности резултираат со иновативни пристапи во реализирање на наставната програма, но она што недостасува се примери за различни активности кои го подигнуваат интересот и мотивацијата на учениците за изучување на STEM. Затоа е очигледна потребата да сe пронајдат, истакнат и споделат најдобрите практики кои македонските наставници ги имаат во STEM.  

Со таа цел објавуваме повик за изработка на постери за споделување на добри практики на STEM настава. Секој наставник добива можност да прикаже сопствен иновативен приод при реализација на одредена активност од STEM областите и на тој начин сите заедно да го збогатиме множеството на едукативни ресурси кои потоа може да се користат во  наставата. Својата идеја, пример или практика наставниците ќе може да ја прикажат на постер но и да дадат објаснување за истата.

Со пријавата наставниците се сложуваат дека нивните активности може да се користат и од другите наставници. Постерите како резултат на овие активности ќе бидат евалуирани од стручно жири, според следните критериуми со еднаква важност: оригиналност, применливост, потенцијал за привлекување на внимание, опис на методолошки пристап, вкупен впечаток. Жирито ќе ги избере најдобрите постери кои ќе бидат презентирани на Третата Едуконференција, а исто така од нив ќе биде публикуван и каталог на добри СТЕМ практики и истиот ќе биде споделен со учесниците на конференцијата. На Третата Едуконференцијата наставниците самите ќе ги изберат најдобрите постери.

Повеќе за повикот за натпреварот помеѓу наставниците може да прочитате на следниот линк.

База на СТЕМ добри практики е биде формирана и дистибуирана преку различни видови на онлајн промоција и преку е-маил, така што и другите наставници е имаат можност да ги користат овие материјали во наставата.

European Comission

European Schoolnet

 

 

 

The work presented on this website has received funding from the European Union’s H2020 research and innovation programme – project Scientix 3 (Grant agreement N. 730009), coordinated by European Schoolnet (EUN). The content of the website is the sole responsibility of the organiser and it does not represent the opinion of the European Commission (EC), and the EC is not responsible for any use that might be made of information contained.

 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *