Со цел размена на искуства и идеи при реализација на наставата од STEM областите, објавуваме повик за изработка на постери за споделување на добри практики на STEM настава. Секој од вас добива можност да прикаже сопствен иновативен приод при реализација на одредена активност од STEM областите и на тој начин сите заедно да го збогатиме множеството на едукативни ресурси кои потоа може да се користат во наставата. Фокусот при изготвување на постерот треба да биде насочен кон развивање на вештини за критичко размислување, решавање проблеми и дигитална писменост.
Еден постер може да има само еден автор. Со конкурирањето авторот се сложува неговото дело да биде искористено и/или модифицирано од други наставници.
Рок за доставување на постерот: 10 март 2018 година
Објавување на списокот на 30 најдобри постери: 20 март 2018 година
Презентација на финалните постери: 31.03.2018 и 01.04.2018 (за време на Четвртата Eдуконференција)
Се конкурира со постер и документ за пријава. Постерот треба да биде изработен врз основа на приложениот образец (образец), а документот за пријава (пријава) не треба да излегува од приложената рамка, односно, не треба да надминува една страна.
Постерот треба да биде поднесен во електронска форма (jpg формат) на е-пошта scientix@friends-of-education.org, со назнака „Конкурс за постер“.
Постерите ќе бидат евалуирани од страна на жири составено од Универзитетски професори и советници од БРО, кои ќе изберат 30 најуспешни постери. Постерите ќе бидат евалуирани според следните критериуми со еднаква важност:
- Оригиналност
- Применливост
- Потенцијал за привлекување на внимание
- Опис на методолошки пристап
- Вкупен впечаток.
Постерите ќе бидат презентирани и од истите ќе биде направена публикација ( формат B5: 176 x 250 mm) која ќе ја добие секој учесник на Четвртата Едуконференција.
Постерите кои ќе се презентираат на Четвртата Едуконференција треба да се донесат отпечатени во формат B2 (500 x 707 mm). Најуспешниот постер ќе биде избран со помош на гласење помоѓу 30-те постери. Освен ова ќе има и награда од стручно жири.