Национални контакт точки и амбасадори на SCIENTIX

Во мартовското издание на Scientix билтенот се презентирани сите најнови случувања од третата фаза на проектот, финансиран од страна на  Хоризонт 2020 на Европската унија за истражување и иновации и се претставени 358 нови Scientix амбасадори и 27 нови национални контакт точки. Билтенот е достапен на следниот линк.

nacionalni-kontakt-tocki
lista-skratenaНи претставува особена чест и задоволство, што како резултат на нашата соработка со SCIENTIX,  за Национална Контакт Точка прeку која ќе се остваруваат и презентираат активностите на SCIENTIX за Република Македонија во периодот 2017-2019 година е избрано нашето здружение ,,Пријатели на образованието,,. 
Важноста на довербата која ни е укажана како здружение може да се согледа преку листата на избраните национални контакт точки во која најголем број од нив се Министерства за образование на одделни европски држави.  

Затоа заложбите на Пријатели  на образованието во наредниот период ќе се однесуваат на:
• Обезбедување на врската помеѓу различните активности на европско и национално ниво, со ангажирање на национални заедници на СТЕМ професионалци, обезбедување на информации за Scientix активности и организирање на национални работилници, вебинари и други релевантни активности;  и
• Следење и анализирање на национални иницијативи за  научните образовни политики и практики, за да се обезбеди
преглед на националните иницијативи во областа на научното образование низ Европа.

abasador2 

MajaМаја Виденовиќ е избрана за #Scientix амбасадор за истиот период, и таа во иднина ќе ги координира  Scientix активностите на здружението. Нејзината улога како  Scientix амбасадор  е да ги споделува Scientix активностите на национално ниво и да игра активна улога во поддршката на иновациите во СТЕМ образованието. Активности кои се од суштинско значење за проширување и консолидирање на заедницата, чии основни вредности се содржани во размена на добри практики во училница (особено во СТЕМ областите) и обезбедување на студентите со вештини потребни за да станат успешни возрасни.

Од Scientix амбасадорите се очекува да:
• Да ги споделуваат Scientix  активностите на национално ниво преку социјалните медиуми и директни презентации;
• Помош за размена на знаења и добри практики во областа на научното образование;
• Поддршка и подобрување на научното образование во целина.

Останати Scientix амбасадори избрани за нашата држава се: 

  • Јанкуловска Соња, ОУ Даме Груев, Битола
  • Силвана Ристевска, ОУ Стив Наумов, Битола
  • Наталија Ацеска, Биро за развој на образованието – Министерство за образование и наука
  • Џмбова Донева Нада, ОУ Св Кiril и Методиј, Кочани
  • Димова Ѓорѓина, ОУ Страшо Пинџур, Неготино
  • Дамјаноска Каролина, СОУ Орде Чопела, Прилеп
  • Антониева Мимоза, ОУ Славчо Стојменски, Виница
  • Милеска Михајлоска Наташа, OОУ Климент Охридски, Прилеп
  • Блажевска Александра, државно основно училиште Јан Амос Коменски, Скопје
  • Билјана Илиева, ООУ Свети Климент Охридски, Драчево, Скопје

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *