Податоците презентирани во новиот извештај на Scientix Observatory покажува дека STEM наставниците имаат потреба од поголема поддршка, обука и алатки за спроведување на иновативни педагогии во училиштата. Овој извештај е заснован на анализа на 3.780 одговори од наставниците од STEM во средните училишта во 38 европски земји во истражувањето спроведено претходно оваа година од Scientix, со поддршка од European Schoolnet и Texas Instruments.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека наставниците од СТЕМ сакаат да применуваат нови педагогии, ресурси и материјали во нивната пракса. Сепак, овие обиди сè уште се во рана фаза и им треба континуирана поддршка. Традиционалните настава, ресурси и материјали сè уште преовладуваат во паралелките, додека педагогиите и методите насочени кон учениците се помалку користени. 88% од испитаниците велат дека користат материјали базирани на хартија во нивните лекции; Спротивно на тоа, само 28% велат дека користат онлајн алатки за соработка. Како причини за ова наставниците ги наведуваат подготовката за тестирања, недоволната техничка поддршка, организирање простори во училиштата и недостаток на достапни педагошки модели.
Наодите на извештајот, ито така, предизвикуваат загриженост во врска со професионалниот развој на наставниците од STEM. 38% од наставниците велат дека не добиваат никаква техничка и педагошка поддршка во нивната работа, дури ни од другите колеги од истите предмети, а повеќето наставници не поминале никакво време за професионален развој или обука поврзана со ИКТ поврзани со иновативната настава на СТЕМ во претходните две години.
Извештајот, исто така, покажа дека тројца од четворица од анкетираните наставници делат позитивна визија за иновативни наставни програми со своите колеги и директорот, а тоа е позитивно поврзано со иновации што се внесуваат во училницата.
По детална анализа на овие податоци, извештајот предлага препораки за креаторите на политиките и образовните институции за надминување на предизвиците во образованието на СТЕМ, како што се овие. За таа цел, се препорачува да се поддржи развојот и имплементацијата на СТЕМ ориентирани стратегии на ниво на училиште, и да се поттикне преземањето на интердисциплинарна настава и соработка помеѓу наставниците. Се смета дека е важно наставниците да учат од своите колеги и да бараат поддршка. Меѓународните мрежи можат да им помогнат на наставниците да ги подобрат своите практики преку размени на искуства, идеи и добри практики, а на наставниците им се потребни повеќе можности за професионален развој.
Можете да ги преземете извештаите и релевантните промотивни материјали од интернет-порталот на Scientix тука: http://www.scientix.eu/observatory/stem- education-practices-europe