Во рамки на обуката Учење низ игра, се применуваат различни аспекти на учење низ игра, кои се применуваат во училниците, ја зголемува инволвираноста на студентите во училницата, и ги проширува нивните лични искуства за одредени едукативни теми.
Учениците имаат можност да ги подобрат вештините на презентирање, да мислат критично, да се изразат и да научат како да соработуваат. Наставникот кој учествува во оваа програма, или пак наставникот кој се обучува ќе има подлабок увид во концептот, стратегиите, дидактичките методи и целите на учењето низ игра. Практичното знаење, бројните примери на добра наставна практика, методите како различните игри се користата на час, и уникатните форми на изразување се дел од придобивките од оваа обука.
Учесници се запознаваат со интересни и високо ефикасни методи, како раскажување на приказни по сите предмети од наставната програма, користење на стоп-моушн анимацијата во образованието, користење на веб 2.0 алатките, традиционалните ,,бабини игри” и нивното повторно користење и дигитализација, интерактивно читање, читање со упатства, пишување и илустрирање со многу млади учееници итн.
На самата обика, учесниците се фокусираат на сценарија кои се претходно креирани, на проекти и работни задачи ориентирани кон учење и предавања, околу студентот и самиот процес на узучување, што гарантира успешна и плодна работа.
Сесиите за обука се управувани од успешни наставници-ментори, членови на Пријатели на образованието.