Како резултат на соработката на здружението Пријатели на образованието и фондацијата Метаморфозис заедно со Алијансата за ООР го помогна учеството на 90 наставници преку доделување на котизации на првите 90 потписници кои ја потпишаа декларацијата за ООР по објавувањето на повикот за пријавување на оваа конференција.
За време на оваа конференција, претставник на Метаморфозис и Алијансата за отворени образовни ресурси зборуваше за тоа што се отворени образовни ресурси, зошто се важни и како може да се користат посочувајќи примери и искуства од светот, а беа доделени и сертификатите на Нај ООР наставниците за 2015 година (Роза Китрозоска и Тања Метикош).
На овој настан беа презентирани примери од наставата кои се потврдени како ефективни, корисни и интересни, а воедно се дискутираа и многу теми од интерес за професорскиот професионален развој. Учесници проследија предавања на експертите од земјата и странство, кои се истакнати и афирмирани во педагошките и информатичките сфери.
Преземено од metamorphosis.org.mk