Next-Lab проектот (Next Generation Stakeholders and Next Level Ecosystem for Collaborative Science Education with Online Labs) е европски проект кој ја промовира улогата на истражувањето во изучувањето на СТЕМ предметите во училиштата.
Со продолжувањето на успешните активности и користењето на платформите за споделување како дел од Go-Lab заедницата, проектот Next-Lab има за цел да вклучи колку што е можно повеќе наставници во развојот на онлајн лаборатории во училниците и нивната имплементација во поголем обем.
За таа цел, Next-Lab објавува повик за Национални Амбасадори. Наставниците може да се пријават до 27.03.2017 на следниот линк http://project.golabz.eu/call-for-ambassadors