ЧЛЕНСТВО ВО ЗДРУЖЕНИЕТО
Член на Здружението може да биде секој државјанин на Р. Македонија кој доброволно ќе пристапи кон Здружението и секое правно лице со седиште во Р. Македонија.
Странски државјани и странски правни лица можат да бидат членови на Здружението во согласност со законите на Р. Македонија.
Членовите на Здружението можат да бидат редовни и почесни.
Редовни членови на Здружението се физички лица кои доброволно му пристапиле на Здружението, се придржуваат до овој статут и другите правила на Здружението, и уредно ги извршуваат задачите што ги имаат членовите на Здружението.
Почесен член може да биде лице кои со своето работење исклучително влијаело на промоцијата и афирмацијата на Здружението преку спроведувањето на неговите активности. Почесен член се избира на седница на Собранието со мнозинство гласови, по предлог на Извршниот одбор на Здружението.
ПРАВА, ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ
Членовите на Здружението имаат право да:
* во согласност со своите можности учествуваат и бидат вклучени во активностите на Здружението и на тој начин да придонесат во остварување на целите на Здружението;
* учествуваат во изработката на Годишната програма за работа на здружението со свои предлози и активности;
* бидат навремено информирани и вклучени во активностите на здружението согласно одлуките на органите на Здружението
* делотворно и одговорно да учествуваат во работата на органите и телата на Здружението за кои се избрани или именувани;
* да ги искажат сопствените мислења и предлози за дејствувањето и организирањето на Здружението;
* да предложат постапка за измени, дополнување или донесување на нов Статут, правила и други општи акти на Здружението.
Членовите на Здружението се должни:
* да ги почитуваат и спроведуваат одредбите од Статут на Здружението
* да ги почитуваат и спроведуваат одлуките на органите на Здружението;
* да го чуваат угледот и имотот на Здружението;
* делотворно и одговорно да учествуваат во работата на органите и телата во кои се избрани или именувани;
* да се воздржуваат од сите дела кои можат да значат дискриминација, навреда, закана по било кој основ спрема трети лица на настани или манифестации кои ги организира или на кои учествува Здружението;
* на никаков начин да не вршат активности кои значат промовирање, презентирање и/или било какво друго истакнување на обележја, програми и ставови на политички партии на сите настани кои ги организира или на кои учествува Здружението, како ни при учеството во работата на органите и телата на Здружението.
ПРЕСТАНОК НА ЧЛЕНУВАЊЕТО ВО ЗДРУЖЕНИЕТО
Членството во Здружението престанува:
* со писмена изјава за откажување;
* исклучување (ако членот ги прекршил одредбите на статутот или ги загрози интересите на Здружението или нанесе сериозна штета на друг член или на Здружението);
* вршење на партиски активности при учеството во работата на органите и телата на Здружението и на настаните на кои учествува или се организирани од страна на Здружението;
* (Одлуката за исклучување ја носи Собранието на Здружението, со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Здружението, на денот на гласањето.