Проект можности за наставници – DESIGN SQUAD GLOBAL CLUBS

Design Squad Global Clubs е теренска иницијатива во неформалното образование која ја олеснува  меѓукултурната размена преку инженерски  проекти и промовира позитивни ставови за инженерството.

 

DSG клубови е иницијатива на WGBH образовната фондација и FHI 360, која има за цел промовирање на размислувањето за дизајнот  и глобалните компетенции на деца на возраст од 10 до 13 години преку забавно спакувани, високо енергизирачки активности, преку кои децата  го истражуваат инженерингот  и пронајдоците во период од 6 или 12 недели. Тие, исто така, имаат посебна можност да работат заедно со клубот партнер од друга земја. Тие ги споделуваат и  дискутираат своите идеи во неделни 60-минутни сесии и преку виртуелни форми на размена со своите партнер клубови. Ова ги вклучува содржини како што се e-mail, фотографии и видеа од нивните  идеи за дизајн  и клуб активности.

Клубовите си даваат едни на други повратни информации и  ги презентираат своите конечни инженерски проекти еден на друг. Во тој процес тие учат да размислуваат креативно и да работат во тим, да ја откријат моќта на пронајдокот со кој се прави разлика во светот, и да ги продлабочат своите знаења за заедниците и животот во други земји. Со давање можност на децата да ги споделат своите идеи и да учат со своите врсници од целиот свет , DSG клубовите ги поттикнуваат децата на  глобалното разбирање на инженерингот и им помагаат  да ги  развиваат  основните компетенции за 21-от век.

За повеќе информации   http://pbskids.org/designsquad/parentseducators/program/global.html

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *