ПРОМОЦИЈАТА НА МултиЗборко во ОУ,,Григор Прличев,, Охрид, со наставничката Марина Танасоска.
Во рамки на проектните активности на проектот МултиЗборко, реализирани со поддршка на Фондацијата Отворено Општество Македонија спроведено е истражување – студија на случај во 3 училишта, со цел утврдување на ефектите од употребата на апликацијата во наставната практика. Истражувањето се реализира со анкетирање на избран примерок од наставници и ученици со претходно подготвен инструмент – анкетен прашалник со ќе се мерат ставовите и ќе се анализираат добиените информации од прашалникот за наставници и ученици во однос на импликациите од примената на апликацијата МултиЗборко, како и нивните досегашни искуства од примената на други образовни апликации во наставата).
„Содржината на дигиталниот образовен ресурс МултиЗборко е единствена одговорност на авторите и грантистот и на ниеден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија“