Во рамки на проектот Просоцијално учење или учење со емпатија поддржан и финансиран од Erazmus+ KA2 програмата на Европска Унија, од 8 -15 Октомври 2019 година во Паневезус, Р Литванија, претставници на „Здружението за развивање и дигитализација на образованието и културното наследство ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО”: Бојан Василев, Елена Апостолоска, Весела Богдановиќ и Марина Џепароска Танасоска, како и М-р Анита Штерјоска-Митреска професор на Педагошкиот факултет Св.,,Климент Охридски,, – Скопје, осварија работна посета на амбасадор училиштата: Velzys gymnasium и Naujamiestis gymnasium.