На 8ми Октомври 2019 година беше одржан 5- тиот Интернационален Состанок (ProSocial Values 5th Transnational Project Meeting) на проектот Просоцијално учење или учење со емпатија поддржан и финансиран од Erazmus+ KA2 програмата на Европска Унија. Во рамки на работната посета со представници од партнер организациите во Паневезус, Р Литванија, учествуваа претставници на „Здружението за развивање и дигитализација на образованието и културното наследство ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО”: Бојан Василев, Елена Апостолоска и Марина Џепароска Танасоска. На состанокот се дискутираше за тековните и идни активности на проектот Pro Social Values и нивниот импакт во образовните практитки на земјите учеснички во проектот Prosocial Values.