Работна посета на “Пријатели на образованието” во Бугарија

На 25ти и 26 ти февруари беше остварена Работна посета на претседателот на здружението  “Пријатели на образованието” Бојан Василев и нашиот наставник амбасадор Мирослав Митиќ во соседна Република Бугарија на меѓународна конференција реализирана преку проектот Еразмус + КА3 и партнерите на KITE.
 
Наставникот амбасадор Мирослав Митиќ покрај посетата на воспитно-образвоните центри, работни состаноци со земјите партери во проектот : Литванија, Италија, Полска, Бугарија, Романија, Шпанија, Турција…. тркалезна маса со менаџери на училишта и градинки, размена на искуства, имаше и активно учество на работилниците со цел да ги подобри компетенции при креирање на активности за роботика на наставниците во Р. Бугарија.
 
Соединувајќи ги иновациите, социјализацијата, учењето, образованието, тимската работа, учењето преку областа на едукативни роботи, учениците да започнат да стекнуваат свест за спречување на насилството и сајбер-малтретирање преку универзален јазик на учење. Наставникот амбасадор Мирослав Митиќ ја промовираше ЛИНО играта која е навистина интересна како за наставниците така и за учениците.Преку овие игри, учениците ги практикуваат сите основни ментални функции (визуелна и слушна перцепција, внимание, меморија и размислување), но исто така развиваат важни социјални вештини. Тие учат толеранција, го чекаат својот ред во играта, ги контролираат нивните импулси и емоции, учат истрајност, прифаќаат пораз и уживаат во победата.
Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 612872-EPP-1-2019-1-IT-EPPKA3-PI-FORWARD
 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *