Реализиација на работилница за Prosocial Values во ООУ ,,Климент Охридски,, – Прилеп

img_7111Во рамките на планираните активности на Европскиот проект Просоцијални вредности за реализација на презентации и работилници на наставници во ООУ ,,Климент Охридски,, во Прилеп на 20,10,2018 беше реализирана првата работилница, на која присуствуваа наставници од оддленска и предметна настава како и стручни соработници од 5 основни училишта во општина Прилеп.

 

img_7109На работилницита пред присутните наставници беа презентирани и тековните активности во врска со имплентацијата на проектот Pro Social Values (Просоцијално учење или учење со емпатија) е проект поддржан и  финансиран од Erazmus+ KA2 програмата на Европска Унија.

 

 

44488226_309866823077252_5337106355499040768_nНа средбата се реализира и практична работилница како пример за развивање и стекнување на просоцијални вештини кај учениците. Исто така пред присутните беше промовиран прирачник со база на просоцијални дигитални игри како и  насоки за вклучување на наставници во активности на проектот со учество на јавниот повик „Конкурс за просоцијални работилници“. Реализатори на работилницата беа Зорица Трајаноска и Дарко Талески. 

 

 

 

img_7100 img_7108

img_7103 img_7107

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *