Со цел надградување на знаењата и стекнување нови искуства македонската наставничка Славица Карбева на специјална покана од Мајкрософт ќе земат учество на глобалниот светски образовен форум Global Educator Exchange кој во период од 28 април до 1 мај ќе се одржи во седиштето на Мајкрософт во Редмонд, Вашингтон. Станува збор за наставниците кои успеале на иновативен и современ начин да ја инкорпорираат едукативната пракса, иновативните технологии и вештини на 21 век во средината каде учат и работат учениците, и да им го пренесат знаењето на децата, да поттикнат нивна партиципација и активно вклучување во едукацијата.