Водени под мотото „Собери, одбери, замени, пренамени“, учениците и наставниците од ООУ Живко Брајковски стапиja во акција за чистење на училиштето од различен вид на отпад, но пред се од пластика за една употреба. Потоа истиот го селектираa и бараa начин за негова пренамена и реупотреба. Затоа што музиката како универзален јазик не поврзува сите, без разлика на вера и различна култура, возраст и јазик се дојде на идеја да се изработуваат музички инструменти.
Во активностите зедоа учество вкупно 88 ученици од македонски и албански наставен јазик, од кои 37 се ученици од 1 до 3 одделение кои посетуваат настава во дневниот престој под менторство на наставничките Атанасоска Христина и Крстевска Лилјана, а останатите се ученици кои учествуваат во хорот и оркестарот при ООУ Живко Брајковски под менторство на наставничката Хава Сарачини. Активностите беа потпомогнати и од наставничките Саниа Качар и Елена Апостолоска. Потоа беше подготвен и видео запис со пресек на активностите од проектот. (https://www.youtube.com/watch?v=j3bpwgYsqQc&ab_channel=ElenaApostoloska ). На крај беше презентиран проектот пред претставници на Општина Бутел и раководството на ООУ Живко Брајковски.