Учество на меѓународна конференција “A SCHOOL OF CULTURAL MIGRATION AND SOCIAL EMIGRATION”

Во рамки на проектните активности на „School Plastic Free Movemen (Движење, училишта без пластика)“, поддржан од Erasmus+KA3 програмата  на Европска Унија, претставници од Здружението „Пријатели на образованието“  како и професорката Доц. д-р Анита Штерјоска-Митреска од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, учествуваа на Меѓународната конференција “А school of cultural migration and social emigration” која се одржа на на 26 и 27 април 2024 година, во Верона Италија.

Конференцијата беше одржана од страна на партнерот координатор на проектот Polo Europeo Della Conoscenza (Италија) https://www.europole.org со цел промоција на активностите на сите партнери вклучени во овој проект. За таа цел во рамки на конференцијата беше организиран и меѓународен натпревар за ученици од сите земји партнери во проектот на тема „МЛАДИ НАУЧНИЦИ ЈА СПАСУВАТ ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“.

На натпреварот проектните тимови победници од националните наградни конкурси објавени за истражувачки тимови од основните училишта во земјите партнери во проектот Италија, Турција, Литванија, Шпанија, Бугарија, Романија, Полска, Португалија и Македонија ги презентираа своите проекти, кои беа оценувани од меѓународна комисија од едукатори- експери од сите земји партнери во проектните активности. Представник од нашата земја беше професорката Доц. д-р Анита Штерјоска-Митреска од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Ни представува особена чест што проектниот тим ученици од ООУ „Григор Прличев“- Охрид, како претставници во проектот „School Plastic Free Movemen (Движење, училишта без пластика)“ од Македонија,  за презентацијата на својот проект дигитална книга ја освоија третата награда.  

Дигиталната книга „Вселенските авантури на Роби и Доби“ со оригинални содржини и илустрации креирарани и дизајнирани од учениците од проектниот тим Марија Танасоска, Теодора Танасоска, Леа Шумуликоска, Лора Шумуликоска, Катја Жупан, Јана Јонческа, Никола Тодороски и Виктор Николоски  наменети за еколошка и инклузивна едукација на ученици од 7 до 10 годишна возраст, е достапна на проктната веб страна Eco School “Grigor Prlicev” Ohrid, Macedonia – “Not all of us can do great things, but we can do small things with great love.” St. Mother Teresa.

На конференција “A SCHOOL OF CULTURAL MIGRATION AND SOCIAL EMIGRATION” исто така учествуваа говорници и професори од различни делови на светот кои ги споделуваат своите искуства, преку панел дискусии за наставници и ученици. Агендата од одржаната конференција е достапна на следниот линк. На официјалната веб страна на проектот исто така се достпни и едукативни матерјали и наставни практики Inclusive pedagogical model for gifted, migrant and disable students – Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 21506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN (schoolplasticfreemovement.org).

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *