На 27.03.2015т во Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп беше организирана презентацијата на овогодинешниот мултемедиален проект во организација на учениците од ООУ Кирил и Методиј с. Канатларци поддржан од фондацијата Адобе како дел од проектот Адобе гласот на младите
Чест и задоволство претставуваше отварањето на настанот од градоначалникот на град Прилеп г-н Марјан Ристески.
Овој проект го реализираме за втора година. Делата од минатогодишниот проект имаа одличен успех, беа неколкукратно наградени и тоа на Македонскиот непрофесионален филм во Струмица со: 1 место за анимација 1 место за сценарио 3 место за документарен филм,
Еден од филмовите беше избран меѓу 15 најдобри филмови во светот создадени од млади на меѓународен филмски фестивал за млади во Сан Франциско, САД.
Истот така дел од делата беа презентриани на Мајкрософт Глобалниот Форум во Барцелона, како и на последнито меѓународен конкурс за фотографија и графичен дизајн организиран од најголемата мрежа за ИТ образовни ресурси iEARN. каде што двата постери беа прво наградени.
Оваа година во проектот беа вклучени вкупно 36 ученици од 8 и 9 одделение. Исите работа на теми кои се однесуваат на проблеми со кои се соочуваат нивните врсници. Беа обработени теми како: Зависност од наркотични средства, Сајбер насилство и насилство во училиште, Семејно насилство, Надежи и желби на младите.
Беа изработени 10 плакати, 2 кратки филмови, 1 фото приказна, 1 анимација.
Поради успешната реализација на проектот во овие две години по менторство на наставниците Наташа Забрчанец – наставник англиски јазик и Дарко Талески наставник ликовно образование, Адобе Фондацијата и наредната година ќе ја овозможи реализација на истито проект во ова училиште.
Darko Taleski
web: http://www.wix.com/darkopp/darko
web: http://www.wix.com/darkopp/darko