е-Твининг работилница за професионален развој во Охрид, 20-22 ноември 2015

е-Твининг работилница за професионален развој во Охрид, 20-22 ноември 2015

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржa Работилница за професионален развој, под работен наслов Интеграција на ИКТ иновативни техники од еТвининг проекти во курикулум, од  20 до 22 ноември 2015 година, во Охрид. Организатор беше еТвининг Националниот сервис за поддршка на Република Македонија, во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, и еТвининг Националниот сервис за поддршка на Република Турција.

На настанот учествуваа наставници од основните училишта, меѓу кои и Маја Виденовиќ, член на Пријатели на образованието. Агендата од настанот може да се првземе на овој линк, а повеќе информации за акцијата еТвининг можете да најдете на www.na.org.mk , www.etwinning.mk и www.etwinning.net

 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *