Обука за Слобода на изразувањето и приватност во дигиталната ера

 

Обука за Слобода на изразувањето и приватност во дигиталната ера

Дарко Талевски (член на Пријатели на образованието) учествуваше на обуката на наставници од основните училишта на тема Слобода на изразувањето и приватност во дигиталната ера , која се одржа на 4.12.2015 година, како дел од проектот Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, во просториитте на Морфозис.

Целта на обуката беше развивање, заштита и спроведување на знаењата за слободата на изразување, зајакнување на способностите за унапредување на истите, како и запознавање со начелата за приватноста на дигиталниот простор при работа со ученици. Беа презентирани и можностите за реализирање на работилници со ученици. Наставниците кои ја одржаа обуката, ќе организираат дополнителни настани поврзани со содржините на оваа обука во матичните училишта. Беше промовиран и Педагошки прирачник за работа со млади.

 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *