Microsoft Innovative Educator (MIE) Expert programme е ексклузивна програма создадена да ги препознае наставниците како глобални визионери кои користат технологија за да го отворат патот на своите врсници во ефикасно користење на технологија за подобро учење и ученички резултати. MIE Експертите имаат тесна соработка со Microsoft со цел воведување на иновации во образованието. Тие се залагаат и ги споделуваат своите мисли за ефикасно користење на технологијата во образованието со врсниците и креаторите на политиката. Тие обезбедуваат увид за Microsoft за нови производи и средства за едукација, и вршат размена на најдобрите практики со нивната заедничка работа со цел промовирање на иновациите во наставата и учењето.
Последните години Microsoft во Македонија ги инспирира креативните наставници кои користат технологија да развиваат вештините на 21 век кај учениците. Тие веруваат во технологијата и во влијанието на наставниците, особено кога се здружуваат заедно и имаат прилика да добијат признанија за своите достигнувања. За таа цел, локалната канцеларија во Македонија веќе 6 години по ред силно ги поддржува мотивираните наставници, кои имаат особена страст за својата кариера, ги инспирираат учениците да размислуваат отворено и имаат вистински соработувачки дух, а со тоа допринесуваат за значајни промени во процесот на учењето. Веќе две години по ред, нашите наставници се препознати како носители на промени и освоија победи на европските и светските натпревари.
Форумот на иновативни наставници организиран од Партнери во учењето, Мајкрософт, за кратко време успеа да го презентира најдоброто од нашите наставници и тоа во светки рамки. Оваа година во Македонија се прогласени 4 наставници експерти на светско ниво за 2016/2017 година. Од нив три се наши членови Славица Карбева, Марина Миткова Василева и Марина Џепароска Танасоска.