Европската унија до 2020 година, планира да инвестира три отсто од бруто Домашниот производ (БДП) во истражување и
развој. При што во тој процес на имплементацијата на високо-квалитетни и мултидисциплинарни образовни системи би биле вклучени еден милион научници и истражувачи од областа на науката, технологијата, инженерството и математиката.
Во таа смисла Scientix, како отворена заедница има за цел да ја зголеми јавната свест, да го поттикне интересот за СТЕМ образование и да обезбеди подршка за истражувачки активности преку остварување широка општествена кооперативност и поддршка на наставниците и воспитувачите кои се главни носители на овие активности.