Како дел од својата стратегија за одржливост, Scientix им обезбедува поддршка на проектните активности на наставниците за изготвување на образовни проекти од областа на природните науки, преку организирање настани, натпревари и споделување ресурси. Еден таков настан е СТЕМ Истражувачката Недела (STEM Discovery Week).
Оваа година STEM Discovery Week 2017 ќе се одржи во периодот од 24 до 30 Април 2017 година.
Учеството на STEM Discovery Week 2017 кампањата може да го остварите преку споделување на Вашата наставна практика од областа на природните науки со пријавување на натпреварот за постер презентации ,,Направи свој постер,, (“Make your own Poster” ) или преку организирање на СТЕМ настан во текот на последната недела на Април и регистрирање на настанот на СТЕМ Мапата на Настани (STEM Discovery Events Map).
Доколку сакате да ги споделете своите иновативни идеи и добри наставни практики од областа на СТЕМ образованието, повеќе информации околу учеството на STEM Discovery Week 2017 се достапни на следниот link.