По запознавањето со проектот Scientix и неговиот портал (можности, настани и ресурси), продолжуваме со организација на нареден вебинар за – Запознавање со Scientix проекти преку искуства на наши наставници кои веќе учествувале во нивна реализацијa.
Во четврток на 5.10.2017 година во 18:30 ќе можете да ги проследите презентациите на Силвана Ристевска и Александра Атанасовска Блажевска, кои можат да ви бидат најдобар пример како еден македонски наставник може да се вклучи во СТЕМ образовните практики.
Вебинарот е поставен на линкот: https://eun2.adobeconnect.com/ncp_scientix_webinar/ , ќе се спроведе на македонски јазик и сите учесници кои уредно ќе се пријават и ќе го проследат вебинарот ќе добијат сертификат за негово следење.
Пријавувањето може да се направи на следниот линк.