Поради големиот интерес за следење на ВЕБИНАРОТ ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ОД SCIENTIX ПОРТАЛОТ кој се одржа на 5.10.2017, во организација на Пријатели на образованието, а го реализираа Силвана Ристевска и Александра Атанасовска Блажевска, кои ги запознаа присутните со примери како еден македонски наставник може да се вклучи во СТЕМ образовните практики, ја објавуваме снимката од истиот на следниот линк https://eun2.adobeconnect.com/pcv16j0q91r5/.
Сите учесници на вебинарот ќе добијат сертификат за следење на истиот на електронската адреса која ја имаат уредно доставено. Се надеваме дека ова ќе биде поттик за наставниците да искористат максимум од Сајнтикс ресурсите и можностите кои им се на располагање.