Марина Василева дипломирала на Институтот за педагогија, магистрирала на Институтот за педагогија, Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје, Македонија. Таа е докторант на Факултетот за компјутерски науки и инженерство при Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје, Македонија, со истражувачки активности кои се фокусираат на дидактички аспекти за развој на образовни содржини кои користат ИКТ. Работи во ОУ "Св. Кирил и Методиј "во Скопје, а исто така е ангажирана како научен соработник при Институтот за педагогија по предметот ИКТ во наставата на Универзитетот Св. Скопје - Кирил и Методијa."Grandmas Games" проект награден на Светскиот Форум на Microsoft, Partners in learning во Вашингтон - 1st Runner Up Educators choice „Collaboration between pupils from Primary School and students from IT Universities” „Училишен двор, училишно царство“ втора награда на Форумот за иновативно користење на технологијата организиран од Partners in learning, Microsoft. „Книгата, Интелко и ние„ награда - Најиновативен наставник во Скопскиот регион на Форумот за Иновативни наставници кои креативно користат технологијата во наставата организиран од Интел компанија. http://about.me/vasileva_marina vasileva_marina@yahoo.com |
Дарко Талески дипломирал на Факуктет за ликовна уметност при Универзитетот Св. св. Кирил и Методиј Велико Трново , Бугараија . Завршил магистерски студии „Медиум и реклама“ при Универзитетот Св. св. Кирил и Методиј Велико Трново , Бугараија. Автор е на проектите: “Be creative to help others” – Меѓународен проект во партнерство со Р. Бугаија. Проект за промовирање на волонтерствово во локалната середина подржан од ACES (Академијата на учулишта од централна Европа ). "Fun education, stop motion animation" - Проект за примена на stop motion анимацијата во наставните програми во основното образование (Прва награда на Microsoft Евроскиот Форум на иновативни наставници 2012 г. и втора награда на Microsoft Светскиот Форум на иновативни наставници 2012 г.). "Adobe Youth Voices" - Проект подржан од ADOBE фондацијата кој има за цел охрабрување на младите да ги пренесат своите проблемите во локалната средина преку видео, фотографија, анимација и сл. "This is my voice" - Проект кој ја обработува социјалните проблеми на младите во нивната локана средина (Прва награда на Microsoft Светскиот Форум на наставници експерти 2014 година). Проект на тема Уметноста и Науката добитник на наградата "ARSCIENCIA 2013/2014" - Шпанија. taleski000@yahoo.com |
Елена Апостолоска, дипломира на ПМФ во Скопје, студии по математика – физика. Нејзините интересирања се насочени кон методот на проектно учење, па на таа тема магистрира (2011) на Институтот за педагогија, на студиската програма Менаџмент во образованието. Од 2001 работи како наставник по математика во ОУ „Живко Брајковски“ во Бутел, Скопје. Има учествувано во повќе проекти како: Чекор по Чекор, проект за модернизација на образованието, Е-School, електронско оценување и тестирање и објективни тест задачи, во ПЕП, во компонентите за унапредување на оценувањето, уодобрување на наставата по математика и природна група предмети и примена на ИКТ во наставата по математика во својство на обучувач. Како заложник за споделување на училишни пракси има снимени повеќе видео записи. Учествува во програмата за развивање семејни вештини, превенција од злоупотреби на дроги, ХИВ/СИДА и криминал кај младите, во проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, обука и активна примена на интерактивната табла. Се јавува како коавтор за прирачници за наставници по математика и збирка задачи по математика и соработник во списанието Нумерус со прилози од Ведска математика. Има учествувано на домашни и меѓународни научни средби и конференции. elenisimo@gmail.com |
Зорица Трајаноска е дипломиран професор по англиски јазик и книжевност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје, Македонија. Работи како наставник по англиски јазик во ОУ „Страшо Пинџур“ - с. Мало Коњари, Прилеп. Од 2004 до 2007 работела како едукатор во невладината организација „Романо про Англе“ . Учествала во Intercultural Distance Learning "Empower" во организација на Детска Фондација Песталоци од Швајцарија. Работела како супервизор и преведувач во интеркултурна размена со деца и младинци во Детска Фондација Песталоци – Швајцарија. Учествувала како соработник на проектот Fun Education, Stop Motion Animation - проект за примена на stop motion анимацијата во наставните програми во основното образование (Прва награда на Microsoft Евроскиот Форум на иновативни наставници 2012 г. и втора награда на Microsoft Светскиот Форум на иновативни наставници 2012 г.) petroskazorica@yahoo.com |
Марина Џепароска Танасоска е дипломиран професор по информатика на Природно - математичкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј-Скопје, Македонија. Посетува магистарски студии на факултеттот за Менаџмент со човечки ресурси “Универзитет за туризам и менаџмент” Скопје Р. Македонија. Работи како наставник по информатика во ОУ „Григор Прличев“-Охрид. Работела како координатор на детската и младинската програма и едукатор по информатика во Младински Образовен Центар–"ВАВИЛОН"-Охрид во организација на UNICEF и Агенција за млади и спорт Скопје, а потоа работела како IT Manager и едукатор по информатика во Центар за развој на информатичка технологија во организација на UNDP Country Office – регионална канцеларија на UN во Скопје и Локална Самоуправа Охрид. Како обучувач на наставници учествувала во проектите: “Иновативно користење на Информатичка Технологија во наставата”, “Примена на образовен софтвер Tool Kid во наставата” и ,,Примена на стандарди за формативно оценување” во организација на E-School на USAID и МОН. Автор е на: едукативни мултимедијални CD-а како наставни помагала во наставата по биологија и географија ,,Здраво Европо,, и ,,Анатомски атлас,, (прва награда на регионален и втора награда на државен натпревар по информатика 2014), блог за колаборација и интегрирана настава “Да учиме заедно” (учество на трет Микрософт форум на иновативни наставници), едукативна сликовница за оделенска настава ,,Еколошка боенка броенка,, во издание на РЕЦ, едукативни прирачници за одделенска настава “Моја азбука” и “Креативна Азбука”. marinaohrid@yahoo.com |
Вера Стојановска докторирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје, Македонија, во моментов таа е професор на Факултетот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје, Катедра за педагогија при истиот универзитет. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат: дидактика, педагогија и компјутерски педагогија. Од 2012 таа е редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје во областа на дидактиката (Општи дидактика, образование технологија, ИКТ во образование, Училишна докимологија, Педагогија (училишната педагогија) и методологија (методологија на педагошката работа). Има учествувано на многу домашни и меѓународни научни собири, симпозиуми и конференции. |
Весела Богдановиќ дипломирала на Факултетот за воспитувачи во Битола и на Педагошкиот факултет во Битола. Работи како воспитувач на деца од предучилишна возраст и одделенски наставник во ОУ Кочо Рацин с. Ивањевци, општина Могила. Автор е на две веб страни со едукатини содржини и материјали наменети за деца од 3 до 9 години, наставници, родители и студенти. Нејзината работа е насочена кон откривање, креирање и примена на ралични методи, техники и наставни средства кои го олеснуваат учењето и им овозможуваат на децата да учат на забавен и креативен начин, преку игра, истражувачки активности, примена ИКТ и манипулација со секојдневни предмети и средства кои не опкружуваат во секојдневниот живот а го привлекуваат детското внимание и детската љубопитност, со што училиштето станува пријатно и омилено место за престој http://about.me/Vese.Vesela.Bogdanovik http://ucimenizigra.ucoz.com/ http://sitezazemjata.ucoz.com/ |
Сатки Исмаили дипломирал на Педагошката Академија Климент Охридски во Скопје, смер математика-физика, Завршил ПМФ при ДУТ- инжењер по информатика. Е магистер по Компјутерски науки „Развој на Софтвер и Апликации“ при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Коавтор е на неколку учебници. Коавтор за прирачници за наставници по математика. Стручен соработник во МОН, БРО и ДИЦ. Има над 50 дипломи, сертификати, благодарници, лиценци. Добитник на неколку награди. Добитник на 1-ва награда на “Movie festival” за добри пракси во наставата. Добитник на плакета “3 Март”-Ден на општина Тетово, како најистакнат наставник на годината.Учесник на државни и меѓународни конференции. Учесник на Microsoft Евроскиот Форум на иновативни наставници 2010 г. Во Берлин, Германија. Работи како директор во ООУ.Кирил и Методиј-Тетово и Part-time професор во колеџот Woodrow Wilson. Предавач на клиничка настава. Реализирал над 120 обуки како обучувач и мастер обучувач. Презентер на Webinar. Преведувач на учебници. Член на работна група за Професионалните компетенции за наставниците и директорите. Член на работна група во МОН за филтрирање на несакани содржини во училишниот интернет, и др |
Софија Грабулоска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности отсек вајарство со конзервација и рестварација во класата на Проф. Жарко Башески на Университетот Св. Кирил и Методиј, Скопје. Посетува магистарски студии на отсек вајарство во класата на Проф. Беди Ибраим. Учествувала во истражување на 3Д принтери во Институтот за современи композити и роботика, во 2010г. во Прилеп. |
Славица Карбева Стојковиќ е дипломиран професор по математика на Природно - математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија. Примена на апликативен софтвер во наставата по математика - е нејзиниот магистерски труд на институтот по педагогија при Филозофскиот факултет, на истиот универзитет. Работи како наставник по математика во ООУ „Петре Поп Арсов“ Богомила, Чашка. Има долгогодишно искуство како обучувач на наставници во основното и средното образование на полето на иновативно користење на информациско комуникациската технологија во наставата. Спроведува истражувања како оваа технологија влијае на процесот на учење и професионалното ориентирање на учениците, кои потоа ги публикува во трудови и ги презентира на научни конференции. Особен интерес за неа претставува снимањето на едукативни училишни практики кои потоа ги закачува на сопствен видео агрегатор, за што има добиено и повеќе награди. Од страна на Мајкрософт е прогласена за Иновативен Едукатор Експерт за 2015 година, препозната како лидер во користење на технологијата во насока на зголемување на продуктивноста и трансформирање на образованието. |
Маја Китаноска дипломирала на Педагошки факултет во Скопје. Работи како професор по одделенска настава во ОУ,, Страшо Пинџур“ – Вевчани. Работела како волонтер во Здружението за жени ,,Езерка “ – Струга. Учествувала како обучувач во проектот ,,Ран детски развој “ од Уницеф намемет за едукација на мајки во руралните средини. maja_kitanoska@yahoo.com |
Драгица Здравеска дипломирала на Филолошкиот Факултет "Блаже Конески" во Скопје на катедрата Англиски јазик и книжевност. Магистрира на истиот факултет и се здбива со титулата Магистер по Филолошки науки. Работи како наставник во основното училиште Кирил и Методиј, с. Канатларци, Прилеп и како локален координатор за SOL (Sharing One Language) во добротворна организација која нуди курсови за ученици и наставници во Девон, Англија. Работела како едукатор на наставници на проекотот за употреба на ИКТ во наставата од 1 до 9 одделение во организација на МОН и Британски Совет – Македонија. Учествувала како спикер на бројни конференции во земјата и странство и има посетувано многу курсови за професионален развој во Обединетото Кралство. Учествувала како соработник на проектот Fun Education, Stop Motion Animation - проект за примена на stop motion анимацијата во наставните програми во основното образование (Прва награда на Microsoft Евроскиот Форум на иновативни наставници 2012 г. и втора награда на Microsoft Светскиот Форум на иновативни наставници 2012 г.). Има издадено статија базирана на истражувањето за во зборникот за научни истражувања базирани на работа на корпус, проект на факултетоt Блаже Конески и ФОН. Коавтор е на прирачниците за употреба на ИКТ во наставата од 1 до 9 одделение, проект на МОН и Британски Совет. Од особен интерес и е работа со мали ученици, методологија на предавање на втор јазик преку саминицијативност, себеевалуација и контунуиран развој. |
Марија Спиркоска е дипломиран професор по биологија и хемија за основно образование на Природно - математичкиот факултет во Скопје. Работи како наставник во ОУ „Мирче Ацев“ с. Лажани – Прилеп. Од Февруари до октомври 2007 била учесник во Intercultural youth worker - Intercultural Leadership Program for Young Adults "Empower", во Trogen Switzerland. Работела како координатор во Центарот за образовна поддршка и за интеркултурно образование „Дендо вас“при Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“ - Скопје marija0707@gmail.com |
Владимир Трајковиќ докторирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје, Македонија во 2003 година. Во моментов, тој е професор на Факултетот за компјутерски науки и инженерство на истиот универзитет. Неговиот истражувачки интерес вклучува: информациски системи и анализи, дизајн, дистрибуирани компјутерски системи, далечинско учење, мулти-агент системи, ИКТ-базирани соработка системи и мобилни услуги. Тој има над 100 публикации во различни меѓународни конференции и меѓународни списанија. |