ВЕБИНАР – ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА STEM ПРОЕКТИ РЕАЛИЗИРАНИ ОД МАКЕДОНСКИ НАСТАВНИЦИ

Продолжуваме со  Презентација на STEM проекти преку искуства на наши наставници кои веќе учествувале во нивна реализацијa.

Во четврток на 22.02.2018 година во периодот 18:30 – 19:30 часот ќе можете да ги проследите презентациите на  Соња Јанкуловска и Ѓеорѓина Димова, кои  ќе  презентираат проекти во кои биле вклучени, награди кои ги добиле и можности за соработка кои им се пружиле. Нивните лични искуства можат да ви бидат најдобар пример како еден македонски наставник може да се вклучи во СТЕМ образовните практики во европските текови. 

Вебинарот е поставен на линкот:  https://eun2.adobeconnect.com/presentation_stem_projects/ ,  ќе се спроведе на македонски јазик и сите  учесници кои уредно ќе се пријават и ќе го проследат вебинарот, во текот на неговото времетраење ќе добијат сертификат за негово следење.

Пријавувањето може да се направи на следниот линк.

Техничко дополнување:
Доколку сакате претходно да го тестирате вашиот уред за вклучување на вебинарот, можете да го искористите линкот  https://eun2.adobeconnect.com/common/help/en/support/meeting_test.htm
Ве замолуваме при вашето најавување да користите кирилско писмо.  Доколку во текот на вебинарот од некоја причина се исклучите и повторно се вклучувате најавете се повторно со целото име и презиме. 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *