На 25.04.2018 година во просториите на Локалната самоуправа –Охрид се одржа промоција на дигитален образовен ресурс МултиЗборко на која присуствуваа наставници од основните училишта на општина Охрид, представници од секторот за образование на Локална самоуправа Охрид и представници од ПЕ на БРО-Охрид. Проектот го промовираа представници на „Здружението за развивање и дигитализација на образованието и културното наследство ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО” Марина Танасоска-наставник по информатика во ОУ ,,Григор Прличев,, Охрид и Офелија Петреска директор на во ОУ ,,Григор Прличев,, Охрид.
„Содржината на дигиталниот образовен ресурс МултиЗборко е единствена одговорност на авторите и грантистот и на ниеден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија“