На 27.04.2018 година беше одржана промоција на дигиталниот образовен ресурс ,,МултиЗборко,, во ООУ ,,Св.Климент Охридски,, во Битола. На промоцијата учествуваа над триесет наставници од одделенска и предметна настава. Главниот фокус на промоцијата на проектот ,,МултиЗборко“ беше насочен кон прикажување на еден нов пристап во продукцијата на дигитални образовни ресурси, преку имплементација на економичен партиципативен модел за продукцијата на дигитални ресурси на мајчин јазик во кој наставниците и учениците ќе имаат активна улога не само како имплементатори туку и како креатори на содржините и методологијата во имплементирањето на дигитални ресурси наменети за наставата во основното образование.