Scientix прашалник за наставните практики

Почитувани наставници,

Scientix објави прашалник за наставниците од предметна настава во основното образование и наставниците од средното образование (за ученици на возраст од 10 до 19 години) кои предаваат предмети од областа на природните науки, технологии, инженерството и математиката (СТЕМ), а целта на пополнувањето на прашалникот е да се соберат информации за наставните практики во образованието oд областа нa СТЕМ. Резултатите од оваа студија ќе бидат достапни без надомест на интернет пред крајот на 2018 година и ќе бидат вклучени во Scientix опсерваторијата. Целта на овој прашалник е да се изврши проценка на актуелните практики кои ги примeнуваат наставниците oд областа нa СТЕМ во врска со начинот на организација на наставата.

Прашалникот е достапен на 25 јазици, меѓу кои и на македонски и до него може да се пристапи на следниот линк: http://www.scientix.eu/observatory/stem-education-practices

Би Ве замолиле да го пополните овој прашалник и да дадете повратна информација за најмалку еден СТЕМ предмет што го предавате. Ако предавате повеќе од еден предмет oд областа нa СТЕМ, на крајот на анкетата овозможено е наставникoт да достави информации најмногу за уште три предмети oд областа нa СТЕМ кои ги предава, така што повторно одговара само на прашањата од анкетата кои се однесуваат за тие предмети (прашања од 1 до 4). За пополнување на овој прашалник ќе Ви требаат најмногу 20 минути.

Ви благодариме на издвоеното време.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *