На 21 и 22.09.2018 година бее реализирана работилница со СТЕМ наставици. Наставниците имаа различно искуство: Scientix Амбасадори, наставници со најдобри СТЕМ практики од натпреварот за наставници, како и наставници со пониско познавање на Scientix. Главната идеја беше да учат едни од други и сите заедно да креираат квалитетни наставни материјали.
Преку кратка преземтација учесниците беа запознаени со улогата и ресурсите кои ги нуди Scientix, активностите на Пријатели на образованието како Национална контакт точка како и активностите кои следат. Беше истакната добрата соработка помеѓу СТЕМ наставниците и побудениот интерес за Scientix. Потоа беа промовирани Scientix амбасадорите и нивните постигања. Тие презентираа свои искуства, примери, наставни материјали, студии на случај и сл. На овој начин беа споделени интересни иновативни пристапи и можности за понатамона соработка.
Во вториот дел на работилницата наставниците работејќи во групи адаптираа материјали од Scientix Repository. Заедно наставниците креираа наставни планирања, материјали, и листи за оценување кои се однесуваат на СТЕМ образованието. Бидејќи овие материјали се на македонски јазик, може да се користат од сите наставници во Македонија.
Секоја група ги презентирае своите изработки и различни дискусии беа поттикнати. Наставниците се согласија дека им се потребни повеќе вакви средби каде ќе може да споделуваат идеи, добри практики и да дискутираат за СТЕМ образованието и како да се подобри неговиот квалитет во Македонија.