Наставници, истражувачи и креатори на образовни политики се повикуваат да поднесат трудови во однос на три теми за конференцијата “Educating the Educators” која ќе се одржи во Германија на 07 и 08 Октомври 2019. Крајниот рок за пријава е 16.03.2019.
Трите главни теми на конференцијата се:
- лична димензија на образованието, содржини и активности
- материјална димензија на едуцирање на наставници и обучувачи: материјали во училница, при обука и материјали за е-учење
- структурната димензија во однос на дизајнот на проекти или иницијативите за зголемување на иновативните образовни пристапи во СТЕМ
Пријавата може да се однесува на презентации, работилници, постери како и штандови на кои учесниците ќе може да изложат и разменат инетересни материјали за професионален развој.
Главната цел на конференцијата е да обезбеди платформа за размена на искуства помеѓу истражувањата и праксата за успешна имплементација на иновативни наставни концепти и искуства. Речиси 200 истражувачи, креатори на политики и образовни практичари учествуваа во првите две изданија на конференцијата.
Посетете ја веб-страницата на конференцијата за повеќе информации овде: https://icse.eu/educating-the-educators-iii/