STEM Alliance ги повикува училиштата, наставниците, советниците, компаниите и сите други заинтересирани за СТЕМ образованието да се приклучат на кампањата “Diversity in STEM”. Главната цел на кампањата е да се надминат стереотипите во СТЕМ образованието преку различни активности, нов конкурс и објавени ресурси.
Продолжувајќи со општата тема “Diversity in STEM”, STEM Alliance ги повикува наставниците и советниците да земат учество пред 30 ноември 2018 или со поднесување на активност која промовира разновидност во СТЕМ или со создавање на ресурс за STEM кариери. Целта на овој натпревар е да покаже како разновидноста е суштински елемент за иновации во STEM, а победниците на натпреварот се поканети на настанот на STEM Alliance, каде што можат да присуствуваат на работилници за иновативно СТЕМ образование и кариерно насочување. STEM Alliance ќе ги организира и ги покрие трошоците за превоз и сместување на победниците.
Започнете сега, читајќи сè за тоа како можете да се вратите на училиште оваа нова учебна година со STEM Alliance на веб-страница: http://www.stemalliance.eu/campaigns/diversity-in-stem2018