Голем број на нови ресурси, алатки и други корисни информации за училиштата се поставени на веб-страницата на Европската недела на кодирање 2018 за да им се помогне на наставниците и учениците да започнат и да ги планираат нивните активности за кодирање пред официјално да се започне со кампањата на 6 октомври 2018 година. Овие материјали се погодни како за почетници, така и за понапредни корисници.
Се повеќе и повеќе активности се организираат како дел од Европската недела на кодирање секоја година и се додаваат на заедничка мапа која прикажува настани за кодирање што се случуваат низ целиот свет. Во 2017 година се проценува дека 1,2 милиони луѓе учествуваа во Европската недела на кодирање, но Европската комисија неодамна објави дека сака да добие половина од сите основни и средни училишта вклучени во оваа голема кампања за кодирање до 2020 година.
За да се постигне оваа амбициозна цел, организаторите на Европската недела на кодирање сега објавија разни помошни материјали за да им помогнат на луѓето да започнат.
Започнете на: https://codeweek.eu/