Само еден месец по официјалното стартување на STEM School Label, на платформата веќе се регистрирани повеќе од 800 училишта од Европа! Сите тие ќе можат да се само-евалуираат преку онлајн алатка за самооценување според критериумите кои го дефинираат СТЕМ училиштето. Исто така, заедницата на STEM School Label рапидно расте и активно споделува искуства, давајќи повратни информации и совети во повеќе од 180 теми на форумот.
Повеќе од 700 пријави за докази за училишни практики и студии на случај се поставени на платформата и тие во моментот се разгледуваат. Многу скоро во School Practice Evidence и Case Studies Galleries, ќе можете да најдете корисни ресурси и материјали за да ја развивате вашата училипна стратегијата за СТЕМ училиште.
Од овој голем број на пријави, повеќе од 90 училишта може да ги исполнуваат условите за да преминат од Competent до Proficient или дури Expert ниво. Разгледувањето на нивните пријави ќе се врши во текот на летото од STEM School Label координатори. Училиштата кои ќе успеат да поминат на следно ниво ќе бидат известени најдоцна во септември.
Друга интересна карактеристика на порталот е месечна анкета. Ако сакате да допринесете за STEM School Label, регистрирајте се на платформата, проверете ја страницата за соработка и не заборавајте да учествувате во месечните анкети!